Заврши „граѓанската“ серија
Ливерпул е првиот тим кој оваа сезона успеа да го собори Манчестер сити на Пеп Гвардиола, ставајќи крај на сонот за сезона без пораз на досеа моќните „Сини“, совладувајќи ги со фантастични 4:3.
Во првиот премиерлигашки меч по заминувањето на Филип Кутињо во Барселона, нападот на Ливерпул делуваше супер-моќно, доминирајќи пред емотивната публика на „Енфилд“ откако мечот почна со минута молк за неодамна починатиот голман на Ливерпул, 77-годишниот Томи Лоренс.
„Црвените“ покажаа на стартот дека се подготвени за напаѓачки фудбал, откако Алекс Окслејд-Чембрлен постигна одличен гол од 20-тина метри за лудило на „Енфилд“. Сепак, Сити израмни пред полувремето, откако Лирој Сане ја изигра одбраната на Ливерпул и го совлада Кариус, кој имаше лоша интервенција.
Меѓутоа, ако во првото полувреме, Ливерпул не успеа да ја искористи теренската иницијатива и поседот на топката, Роберто Фирмино во 59. минута со одличен удар повторно ги донесе Ливерпул во водство. Само две минути подоцна, Мохамед Салах украде топка од средината на теренот, несебично го проигра Садио Мане, кој повторно го совлада Едерсон.
Падот во играта на Сити го искористи Салах, кога по една лоша интервенција на Едерсон во 68. минута стави крај на надежите на Сити за кам-бек. Бернардо Силва во 84. минута по одличниот потег на Гундоган намали на 4:2, за Германецот да намали на 4:3 во 91. минута, ставајќи ги под притисок дефанзивците на Ливерпул во драматичната завршница. Кун Агуеро во 94. минута имаше огромна шанса да донесе славно реми, но ударот заврши во мрежата од надворешната страна.
Со трите поени, Ливерпул се израмни со Манчестер јунајтед и Челси со по 47 поени, што сепак е големи 15 поени зад тимот на Манчестер сити.
Ново на Сител
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани
-
„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата
-
УСС УКИМ апелира за подобрување на безбедноста во студентските домови и објектите на универзитетот