Заврши гласањето на болните и немоќни во Штип, Карбинци и Пробиштип

Во Општина Штип денеска заврши гласањето на 60 болни и немоќни лица, кои своето право на глас го искористија во своите домови. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева вели дека гласањето помина без проблеми, а членовите на избирачките одбори денеска го подигаат и избирачкиот материјал за да ги подготват 77 избирачки места за утрешно гласање.
Во 11 општини во брегалничкиот регион денеска гласаа вкупно 650 болни и немоќни лица, од кои најмалку или само пет има пријавени во Општина Карбинци. Претседателката на ОИК-Карбинци, Адриана Велинова информира дека гласањето е завршено. Денеска гласаа и тројца избирачи во селото Таринци, како и две лица во селото Радање.
-Општинската изборна комисија во Карбинци е подготвена за утрешното гласање, на избирачките места право на глас имаат вкупно 3.161 избирач. Гласачките места ќе бидат отворени во 7, а затворени во 19 часот, рече Велинова.
Во Општина Пробиштип денеска гласаа вкупно 110 болни и изнемоштени лица, а гласањето помина мирно и без проблеми.
Во Затвор-Штип за гласање се пријавиле 198 лица, но досега гласале 108 или околу 51 отсто.
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
