Македонија
22. September 2016 - 15:30

Заврши 10. балканска Јуниорска олимпијада по информатика

Македонија од 17 до 22 септември беше домаќин на 10. Јуниорска балканска олимпијада по информатика за деца до 15,5 годишна возраст, на која учествуваа ученици од Македонија, Кипар, Словенија, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

На затворањето на олимпијадата беа доделени четири златни, седум сребрени и 11 бронзени медали. Марко Ќаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали. Најуспешен учесник на олимпијадата е Молдавецот Габриел Којокару.

За  првопласираните „Семос Едукација обезбеди четири ваучери за бесплатно тестирање за стекнување со официјални „Microsoft“ сертификати од „CertiAdria“.

Организатор на олимпијадата е Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација и Семос Едукација.