Завршена новата водоводна мрежа во Драчево
Завршена новата водоводна мрежа во Драчево. Со ова се реализираше едно од барањата на граѓаните, при посетата на премиерот Груевски . На изведбата се работеше во три фази. Се изведуваат последните приклучоци од мрежата до водомерните шахти на локалното население.
- Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри. Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 и 90 милиметри, рече директор на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов.
Атанасов информираше дека на барање на жителите третата фаза ќе биде продолжена за околу 200 метри, и ќе изнесува 520 метри.
Со новиот водовод ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на околу 620 жители кои поради дотраениот стар водовод , имале слаб притисок и недоволна количина на вода.
Водоводната мрежа е во должина од 1345 метри , а за неа се инвестирани 21 милион денари.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
