-->
-->
Завршена е оградата долга 60 километри меѓу Крим и Украина
-->
Денеска заврши изградбата на оградата долга 60 километри на границата меѓу Крим и Украина, соопштија кримските власти.– Планираната изградба на инженерските структури и инсталации со сложен систем за аларм на сензори е завршена во областа на Перекоп. Планирањето и развојот на документацијата почнаа во 2015 година, стои во извештајот.
Оградата се состои од неколки видови барикади, различни видови сензори, некои скриени, а некои видливи системи за видео надзор, вклучувајќи и инфрацрвена опрема.
Оградата, меѓу другото, служи и за спречување обиди да се организираат незаконски активности за трговија со оружје, муниција, стоки, цигари, алкохол, гориво, дроги… Исто така оградата има за цел и да спречи илегални преминувања на границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
