Завршен концерт на учесниците на семинарот за виолина

Во Музеј на Град Скопје вечер во рамки на „Скопско лето“ завршен концерт ќе имаат учесниците на семинарот за виолина, кој во 2009 година го возобновија познатите виолинисти и музички педагози Ана и Олег Кондратенко.
Концертот се одржува во соработка со Музичка младина на Македонија. За семинарот по виолина, кој е наменет за различни возрасти и кој седум години го раководат Кондратенко, има голем интерес од млади виолинисти од Македонија и од странство. Мајсторската виолинистичка школа до пред четири години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје.
- За резултатите на овој семинар – мајсторска школа, зборуваат и мошне квалитетните завршни концерти на кои настапуваат не само млади музичари – во почетоци на своето музичко образование, туку и веќе оформени и пред крај на своето школување виолинисти, кои ја презентираат македонската култура во земјата и во странство. Бројот и квалитетот на учесниците на овој семинар низ минатите пет години ги оправда очекувањата како успешен и делотворен, информира „Скопско лето“.
Ново на Сител
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
