Македонија
9. July 2024 - 12:03

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Четири затворски казни и една условна изрече судот за петмина обвинети во предметот Синџир.

Казните се движат од една до две години затвор, а паричните казни изнесуваат и до две илјади евра.

За шесте фирми чии застапници исто така вчера признаа вина судот изрече парични казни но и забрани за учество во јавни повици и концесии.

Случајот Синџир во кој обвинети беа над триесетина физички и правни лица се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра.

За оние кои не признаа вина постапката продолжува.Обвинителството е задоволно од изречените пресуди.