Затворски казни за четири државјани на Македонија кои лани беа уапсени за кражби на луксузни автомобили во Грција
Четворицата државјани на Северна Македонија кои лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, се осудени на затворски казни во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани.
Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите.
За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени.
Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Северна Македонија.
Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.
- Фативте погрешен човек, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.
Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство.
Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата.
Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико