-->
-->
Затворот му е подраг: Ограбил банка за да не седи дома со сопругата
-->

Еден 70-годишен старец од Канзас е обвинет за грабеж на банка и на истражителите им рекол дека подобро е да оди во затвор отколку да остане со својата жена.
Џон Рипли е обвинет дека на благајникот во банка му предал порака во која барал пари, заканувајќи му се дека кај себе има пиштол, стои во судските документи.
Тој ги зел парите, седнал во предворјето на банката и му рекол на чуварот дека “тој е оној што го бараат“.
Полицијата брзо го уапсила ограбувачот, наведува АП.

Извор од ФБИ вели дека Рипли пред тоа се скарал со сопругата и дека пораката ја напишал пред неа, наведувајќи дека подобро да оди во затвор отколку да остане дома.
Против него е поднесено обвинение за грабеж на банка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
