Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата

Од денес започна седумдневната работна акција која ќе трае до 22.07.2026 година во соработка со Управата на извршување на санкциите и ЈП Македонија Пат согласно потпишан Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица кои ќе помагаат за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта на целата територија на Република Македонија.

На денешниот настан увид извршија заменик-директорот на ЈП Македонија Пат, Александар Шуковски, Јован Петров и Љупчо Настоски од Кабинетот на Директорот на УИС, Александар Пандов.

Во оваа работна акција беа вклучени повеќе казнено-поправни домови и казнено-поправни установи, и тоа: КПД Затвор Идризово, КПД Затвор Штип, КПД Затвор Прилеп, КПУ Затвор Куманово, КПУ Затвор Битола, КПУ Затвор Скопје, КПУ Затвор Гевгелија, КПУ Затвор Струмица и КПУ Затвор Струга.

Осудените лица кои се работно ангажирани на магистралните и регионалните патишта се во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ја издржуваат својата казна и истите се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција.
Ново на Сител
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
