Живот
24. December 2019 - 15:08

Затвореници од Шангај испратија тајна порака: Девојче од Лондон купи честитка, а внатре го пишуваше ова

Во една новогодишна честитка која ја продава британскиот ланец супермаркети Теско, а во Лондон ја пронајде девојче, пишувало: „Ние сме странски затвореници во шангајскиот затвор Куипиг. Присилени смет на работа против своја волја„, пренесе Сандеј тајмс.

Затворениците напишаа дека оној кој ќе ја пронајде пораката да му се јави на поранешниот новинар Питер Хамфри, кој истражувал измами во компаниите, па и самиот бил затворен во Куипиг од 2014 до 2015 година.

Теско во неделата ги суспендираше порачките од кинескиот добавувач на божиќни честитки и рече дека покренал истрага“, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг изјави дека во шангајскиот затвор не ги присилуваат затворениците да работат против својата волја. Тој рекол дека ова е фарса која ја измислил Хамфри.

“Никогаш не сум имал никаква можност да направам било што за да го лажирам овој инцидент и оваа приказна“, рече Хамфри за Ројтерс.

„Оваа порака на затворениците од Кина пристигна во божиќна честитак која ја купило семејство што никогаш не сум го сретнал“, додаде тој.

Хамфри наведе дека пораката одговара на се што знае и за што разговарал со поранешни затвореници кои се пуштени годинава и кои потврдиле дека пакуваат божиќни честитки за Теско.

Хамфри помина 23 месеци во затвор под обвинение дека илегално приватно ги снимал кинеските граѓани и тие информации им ги продавал на клиенти, меѓу кои и ГлаксоСмитКлајн. Тој во текот на судењето рекол дека не знаел дека тоа што го правел во Кина е илегално.

„Сандеј Тајмс“ наведе дека пораката во Лондон ја пронашло 6-годишно девојче Флоренс Вајдикомб, која му ја покажала на својот татко. Тој потоа контактирал со Хамфри преку Линкдин.