Затворени два угостителски објекта во Гостивар - работеле по дозволеното време
Вчера (20.12.2020) околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18.00 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија