-->
-->
Затворен угостителски објект во гостиварско бидејќи работел по дозволеното време
-->
Полициски службеници од Полициската станица Гостивар синоќа во 21:30 часот извршиле контрола во угостителски објект во село Балиндол, гостиварско, сопственост на И.Б.(49) од с.Балиндол. При контролата, во објектот, покрај сопственикот, биле затекнати уште три лица – гости.
Како што соопшти МВР, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот, против И.Б. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени