Затуроска: Прогнозите на ЕК најголем доказ за економските политики на ВМРО-ДПМНЕ

Извештаите и прогнозите на Европската комисија (ЕК) се најголем доказ дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои беа спроведувани во изминатиов период вродуваат со плод и креираат стабилен раст и развој, истакна денеска на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
- ЕК ја објави својата годишна економска прогноза која го вклучува прогнозираниот раст на БДП и намалувањето на невработеноста за Република Македонија. Македонската економија како и претходната година така и сега од страна на ЕК е оценета како стабилна, со прогнозиран раст на БДП од 3.2%, што е еден од највисоките растови во Европа и очекуван пад на невработеноста која се прогнозира да падне на најниски досега 22%, што е идентична на таргетот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поставен за периодот до 2018-та година, рече Затуроска.
И покрај, како што кажа, вештачки креираната криза од страна на СДСМ која имаше и за цел да го отежни економскиот раст во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока и да обезбеди економска стабилност и просперитет.
Покрај ЕК, потсети Затуроска, прогресот на Македонија е забележан и од Светска Банка во извештајот „Дуинг бизнис“.
- Падот на стапката на невработеност и растот на економијата се одлики на успешните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години, со промислено делување успеавме невработеноста од некогашните енормни 38% од времето на СДСМ да ги намалиме на сегашните 23,4%, рече таа најавувајќи дека ваквиот тренд на развој на економијата ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
