Застрашувачка глетка: Ја застрелал сопругата на улицата, па се самоубил
На локалниот пат Доњи Дреновац - Драшковац се случила трагедија, наводно убиство и самоубситво во кое настрадала Ј.Ј. (32) од околината на Лесковац и Д.Ј. (35) од село Доњи Дреновац во општината Житораѓа.
Како што се дознава од извори блиски до обвинителството се работи за поранешни сопружници кои пред некое време се развеле.
Се претпоставува дека Д.Ј. напрвин од огнено оружје пукал во својата поранешна жена, а потоа во себе. Безживотните тела ги забележал случен минувач синоќа по 20 часот, а полицијата веднаш потоа дошла на самото место и затекнала страотна глетка.
Сопружниците биле оддалечени еден од друг околу 100 емтри, а останува нејасно како сопругата Ј.Ј. се нашла близу селото на бившиот сопруг и кои се мотивите за оваа тешка трагедија која ја потресе општината Житораѓа.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци