Засилени контроли на сообраќајната полиција во Скопје, еве што открија
Во текот на изминатиот денна подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање на првенство на минување во зона на крстосница, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози.
Ново на Сител
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
-
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто
-
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
-
Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата
-
Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
-
Одложувањето на носењето на законот за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени
-
РФМ: Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир