Бизнис
27. December 2016 - 19:38

Засилен инспекциски надзор пред нова година

Засилени инспекциски контроли во пресрет на новогодишните празници. Инспекторите ги чешлаат сите објекти кои оперираат со храна, пред се рестораните, месарниците, кланиците  и  малопродажните ланци. На терен се околу 180 инспектори на целата територија на земјава. Целта е да се спречи продажбата на неквалитетна и небезбедна храна.

Засега нема констатирано поголеми неправилности, но допрва ќе се утврдуваат резултатите од спроведените контроли.

Тонско Ѓоко Ѓорчески Раководител на инспекции при АХВ

Последниве две години во пресрет и за време на празниците, кога има повеќе гости пред се во туристичките места, не се констатирани посериозни нарушувања како труења со храна.

Покрај засилените контроли инспекторите имаат и редовни контроли. Од АХВ апелираат сите граѓани кои ќе воочат било какви неправилности да се јават на бесплатниот телефонски број на Агенцијата.

Тонско Ѓоко Ѓорчески Раководител на инспекции при АХВ

Годинава АХВ има спроведено околу 85 000 контроли при што се констатирани над 5700 неправилности. Уништени се околу 238 000 кг храна.