Заседава локалниот координативен штаб за управување со кризи по серијата пожари во Делчево
Пожарите што викендов беа активни на територијата на Општина Делчево, кај месноста Попов Мост и во атарот кај село Тработивиште, го вклучија алармот за вонредно активирање на системот за управување со кризи на територијата на општината.
Согласно со насоките дадени од 11. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи свикан е итен состанок на Локалниот координативен штаб, при што ќе бидат согледани актуелните состојби со пожарите, како и подготвеноста за ставање во функција на сите персонални, материјално-технички и оперативни ресурси во Општина Делчево.
Како што истакна Кире Цоневски, соработник за превенција за заштита и спасување во Општина Делчево, последните два големи пожари придонесоа вонредно да се активираат мерките од системот за справување со пожари на отворено и шумски пожари.
-Очекуваме од состанокот да произлезат конкретни мерки, насоки и активности за превентивно дејствување на терен, а со цел спречување евентуална појава на нови пожари. Сакам да истакнам дека март не е карактеристичен за појава на оваа елементарна појава, затоа мора сите поединечно и институционално да го дадеме својот придонес, за да превенираме големи материјални и еколошки последици. Во таа смисла Општина Делчево апелира до граѓаните да не палат оган на отворено, посебно стрништа, со напомена дека согласно казнените одредби за сторителите предвидени во законите што ја третираат оваа проблематика казните се огромни, рече Цоневски.
Пожарите што викендов беснееја во Делчевско зафатија околу 50 хектари површина, при што изгореа борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума, која е во приватна, но и државна сопственост.
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма