Македонија
18. November 2019 - 11:49

Засадени нови 18 јапонски цреши

Обновен е дрворедот на улицата „Максим Горки“ со 18 нови јапонски цреши.

Во петокот старите дрвја од овој вид беа исечени од страна на градските власти под изговор дека биле болни и опасни по безбедноста на минувачите.

Со помош на донација на ЕБОР дрвјата се купени од страна на вработените од Банката и денеска беа засадени од ЈП Паркови и зеленило.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов рече дека се набавени вкупно 50 јапонски цреши.

Освен на оваа улица ќе бидат засадени и на уште еден скопски булвар со есенската акција

Тој тврди дека дрвјата кои ги исекле биле засадени во 2000 година како десетгодишни дрвја, а нивниот животен век е од 30-40 години.

Мирјана Давидовска