Заради ладното време зголемена потрошувачката на струја
Минусните температури во земјава значително ја зголемија потрошувачката на струја. Во периодот од први до 20 декември потрошени се 446 673 мегават часови. Во просек дневно се трошат по 22.334 мегават часови.
-Најголема потрошувачка е регистрирана во недела и изнесува 22 433 мегават часови, кој е и еден од најладните денови во овој период, со минимални -11 степени и максимални 1 степен целзиусов. Во Скопје најголема потрошувачка на 20.12 Вторник изнесувала 9.412 мегават часови, кој е и еден од најладните денови за овој период, со минимални – 10 степени и максимални 3 степени, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
Само за споредба, лани во истиот период биле потрошени околу 30 000 мегават часови електрична енергија помалку.
Од ЕВН дистрибуција уверуваат дека засега нема никкави проблеми со снабдувањето. Мрежата е стабилна, можни се компликации само при појава на невреме.
Од малопродажните ланци за бела техника велат дека е зголемена и продажбата на грејни тела.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
