Заработувала уште во средно училиште, вака Сораја ги наплаќала своите услуги
Српската старлета Сораја Вучелиќ се присети на првите пари што ги заработила, и како што сама истакнува тоа се случило уште додека одела во средно училиште.
Имено, Вучелиќ откри нешто што многумина ќе изненади, а тоа е дека првите пари ги заработила од џепарлакот на своите колеги од училишните клупи.
„Смешно е што после толку години се сетив на тоа. Интересно е што бев најдобра во средно по одредени предмети. Кога имавме контролни задачи, јас во замена за пари прво им ја правев контролната на одредени ученици од класот, а потоа за себе. Па после некој нека се сомнева дека умот се вреднува и почитува“, раскажа Сораја.
Таа секако не се сеќава колку точно наплатувала за пишувањето на контролните задачи, но секако се сеќава колку пари вкупно заработила.
„Ги потрошив парите на мобилен телефон „моторола“ на преклоп“.
Ново на Сител
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп
-
Целосно изгаснат пожарот во Чаир