Запрени постапките против Заев, Црвенковски, Верушевски – Кој од СДСМ и овој пат нема да одговара
После „Големото уво“, аферата со прислушување со која Бранко Црвенковски се врати на власт, Зоран Верушевски со денешната одлука на претседателот на државата Ѓорге Иванов успеа по втор пат да избегне одговорност пред законот.
Со одлуката на Иванов се прекинува кривичниот прогон и против актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев, како и против поранешниот Црвенковски чиј предмет „Надеж“ исто така беше преземен од Специјалното јавно обвинителство.
Воедно, со денешната одлука на претседателот Иванов се запира кривичниот прогон и против обвинители од СЈО, поврзани со малтретирање во служба и со нудење поткуп заради обезбедување невистинити изјави. Од кривичен прогон се ослободува и Ѓорги Лазаревски, а Звонко Костовски кој призна дека незаконски следел комуникациите и истите му ги предал на Верушевски е амнестиран од издржување на затворска казна.
Неизвесно е дали одлуката важи и за Божидар Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска кој беше осомничен за затајување данок.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка