Запрени летовите во северен Ирак поради руската воздушна кампања
Ирачката цивилна авијација соопшти денеска дека во наредните два дена се откажани летовите кон регионот Курдистан на северот на Ирак, поради руската воздушна кампања во соседна Сирија.
Во соопштението објавено доцна синоќа, се вели дека се прекинот на летовите до градовите Ирбил и Сулаиманијах треба да ги „заштити патниците“ со оглед дека крстосувачките ракети и бомбардерите кои прелетуваат преку северен Ирак од Касписко Море до Сирија, пренесуваат ирачките медиуми.
Другите аеродроми ќе работота нормално, се вели со соопштението.
Русија врши воздушни напади врз положбите на џихадистите од Исламска држава во Сирија, а во октомври руските воени бродови во Касписко Море истелале крстосувачки ракети со домет од 1.500 километри преку Иран и Ирак.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата