Запознајте ја Вера - девојката борец, единствената ученичка со попреченост во гимназијата „Орце Николов“
Ова е патот кој секој ден од дома кон училиште сама го поминува Вера Апостоловска, девојката која има состојба на церебрална парализа што и’ ги отежнува моториката и говорот.
Неколку минути пред 13 часот во училишниот двор на скопската гимназија „Орце Николов“ во Скопје , звукот од тркалата на училишната торба го најавува доаѓањето на девојката со убаво бело лице и сини очи. Вера Апостоловска има 17 години и е втора година во гимназија. Во ова училиште таа е единствената ученичка со попречености.
Покрај проблемите коишто се појавуваат со моториката, Вера е активно вклучена во редовниот образовен систем со помош на асистивната технологија што многу и помага на училиште.
Иако навидум се разликува од своите врсници, таа се едуцирала во редовно училиште и во учењето не заостанувала зад своите врсници. Вели дека многу сака да спортува, пешачи и вози велосипед, а ги совладала и сите предизвици на модерната технологија. Насмеана и со ведар дух, Вера е амбициозна тинејџерка со големи планови за иднината.
Вера умее да работи на компјутер, пребарува на Интернет, се дружи, гледа спорт, сака мода како и секоја девојка. Или, Вера денес живее исто како и нејзините врсници.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении