Македонија
10. October 2017 - 12:11

Запознајте го Димитар Новаков, млад гевгеличанец фотограф по убедување со милион футуристички идеи во глава

Ова сум јас а ова е Димитар Новаков.

Фотографиите се направени една сабота во гевгелиски ресторан. Конечната верзија на приказната која што ќе излезе од овие две фотографии во глава ја имаше само Димитар. На крајот од ова видео парче, ќе ја видите сите вие.

Овој млад гевгеличанец е фотограф по убедување со милион футуристички идеи во глава. Знае од обично дрво од гевгелиската корија да направи виолински клуч. Или пак од своите пријатели, минијатурен свет на шаховница.

Желбата да научи фотошоп па од обичните фотографии кои што секојдневно ги фотографира, напарви уметност го прави самоук мајстор на она што го прави денес.

За една идеја да добие соодветна реализација некогаш му се потребни и неколку месеци. Но некогаш и само неколку дена. Зависно од тоа до каде ќе ја пушти фантазијата.

Размислува и за самостојна изложба.

Кога не е фотограф со голема и шарена фантазија, Димитар е наш колега. Снимател за локален медиум.

За Новаков фотографијата не е само хоби. Со овие две фотографии освоил и награди на конкурси. А дека ги заслужил доказ е и оваа, последната фотографија која што ја споменав на почетокот. Новинарката и соговорникот од приказната за Ја сакам Македонија од Гевгелија, добија улоги во една нова, поинаква приказна.