Запознајте го Дарио Стојановски кој чува „царство“ од тарантули во својот дом
Дарио има пасија кон егзотичните суштества, посебно тарантулите. Вели дека тарантулите се животни кои не бараат многу внимание и се релативно лесни за чување. Не прават врева, тие се чисти животни кои можат цел живот да го поминат во терариум и бараат едноставни услови за чување кои лесно може да се обезбедат, со правилно знаење и посветеност.
Тарантулите припаѓаат на стар и нов свет. Од нов се сите видови кои доаѓаат од Северна, Средна и Јужна Америка и имаат иритирачки влакна на абдоменот, а од стар се сите видови кои доаѓаат од останатиот дел од светот и имаат значително посилен отров.
Пред купување на тарантула потребно е да направите истражување околу нејзините услови на чување, какво уредување треба да има терариумот, поточно какви карактеристики носи видот кој сакате да го чувате.
Тарантулите се миленичиња кои не се галат и не се приврзуваат за сопственикот. Тоа се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат.
Дарио ги завршува студиите на Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ја сака природата но и своите миленици тарантулите кои се навистина необични чудни и мистични.
Мирјана Крстовска
Ново на Сител
-
20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики
-
Обид за убиство во Струмица - Кривична за четири лица меѓу кои и малолетник
-
Директорка на државен ученички дом во Битола проневерила 202.500 денари
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка