Македонија
28. October 2016 - 16:15

Започна увидот во избирачкиот список

3300 набљудувачи ќе ангажира граѓанската асоцијација МОСТ во функција на спроведување на фер и демократски избори на целата територија на Македонија

За да се добие комплетната слика  за тоа како се одвива текот на изборите,изборната кампања, превременото гласање, МОСТ веќе има распоредено 80 набљудувачи во сите општини во државата кои ги следат активностите на политичките партии , државните институции, како и работата на изборните органи.

Алексов напомена дека од денес започна јавниот увид во Избирачкиот список, кој ќе трае до 11 ноември и ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет страницата http://izbirackispisok.gov.mk.

Исто така Граѓаните ќе можат да пријават било какви нерегуларности на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

МОСТ, во рамки на кампањата за промовирање на заштита на избирачкото право, слободата и тајноста на гласот, промовираше и видео „Твојот глас е само твое право“.

Набљудувачите на МОСТ ќе ги следат текот на изборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на одлучување по приговорите.