Македонија
14. January 2016 - 12:08

Започна со работа Информативниот центар за превенција, проект на СВР Штип

Во општина Кочани од денеска започна со работа Информативниот центар за превенција, проект од областа на превенцијата на Секторот за внатрешни работи во Штип.

Центарот е лоциран во Едношалтерската канцеларија, каде што е присутен еден полициски службеник заради прием на странки и консултации, укажувања, давање совети, давање и примање информации од граѓаните од областа на безбедноста.

- Целта на Информативниот центар за превенција е полицијата да се доближи до граѓаните на општина Кочани и да се избегнат непотребните чекања во полициската станица. Доколку полицискиот службеник оцени дека е потребно, граѓанинот може да се упати во Полициската станица за одредена безбедносна појава заради процесуирање на потребната полициска процедура, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.

Оваа активност веќе еден месец се реализира во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, а во општина Кочани ќе се спроведува секој четврток од 9 до 15 часот.