-->
-->
Започна протестот против образовните реформи
-->
Неколку стотици родители протестираат против најавените образовни реформи и дигитализацијата на наставата.
Покренаа иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.
Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.
Протестот започна точно на пладне од пред Министерството за образование, од каде демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а крајна цел на маршот ќе биде Собранието.
Освен во главниот град, се протестира и во повеќе други градови во земјава.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал