Македонија
4. February 2022 - 13:51

Започна протестниот марш заради смртта на Реџаил Ќерими

Започна протестниот марш заради смртта на Реџаил Ќерими, кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот „Алфа“ во кој беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца негови колеги беа ранети.

Како што претходно братот на починатиот Реџаил Ќерими објави на Фејсбук, протестниот марш започна од плоштадот „Скендербег“, а преку протестниот марш како што тој информираше ќе побараат од Канцеларијата на ЕУ меѓународна истрага за сомнителна смрт.