-->
-->
Започна постапката за прогласување на шар Планина за Национален парк, а Осоговските планини за заштитен предел
-->
Владата на денешната седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата на Република Македонија за разгледување и усвојување, најкасно до крајот на месец септември 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
