Започна полнењето на оризовите полиња во Кочанско

Со пуштањето на водата во каналската мрежа од хидросистемот „Брегалница“, од денеска официјално започна полнењето на земјоделските површини на кои годинава ќе се сее ориз во кочанскиот регион. Први вода добија земјоделците во месноста Босевица во атарот на Кочани, а до крајот на неделата ќе започне полнењето на нивите и во Виница, Мојанци, Горни и Долни Подлог и Мојанци.
- Поради неповолните временски услови и врнежите од дожд и снег пред почетокот на сезоната, земјоделците не можеа навреме да ги подготват површините, поради што и ние моравме за извесен период да го одложиме пуштањето на водата во каналите. Годинава со хидросистемот ќе наводнуваме околу 8.700 хектари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско, Пробиштипско и Светиниколско. Од тоа околу 3.700 хектари ќе се засеат со ориз, а останатите површини се под други земјоделски култури, истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров.
Пред почетокот на наводнителната сезона екипи на водостопанското претпријатие од Кочани исчистиле околу 90 отсто од каналската мрежа, а во моментот се работи на оспособување на делови од левиот магистрален канал.
Акумулацијата Калиманци е полна со максимален капацитет од околу 110 милиони метри кубни вода и до пред неколку дена била на прелив. Во меѓувреме започнало контролирано испуштање на водата за потребите за наводнување, но и за да се избегнат евентуални опасности од поплавување поради најавите за нови врнежи деновиве.
Ново на Сител
-

Реакција на Филозофскиот факултет и деканот Бакрески на изјавите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски
-

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
-

Лапароскопски гинеколошки операции за прв пат во болницата во Кавадарци
-

Премиерот Мицкоски денеска бил меѓу Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа
-

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
