Започна подготовката на Програмата за економски реформи 2017-2019

Клучни реформи во индустријата, внатрешниот пазар, образованието, транспортот, енергијата и животната средина, со кои ќе се подобри конкурентноста на македонската економија, содржи Програмата за економски реформи за периодот 2017 – 2019 година, за чија подготовка денеска се одржа состанок во Министерството за финансии.
Со овој стратешки документ поврзан со подготовката за членство на Македонија во Европската Унија, соопшти ресорното Министерство, ќе бидат опфатени и мерки кои се однесуваат на намалување на невработеноста, како мерки за усогласување на стручната подготовка со побарувачката на пазарот на труд.
- Програмата е заеднички резултат на повеќе институции, а целокупната подготовка се координира од страна на Министерството за финансии. Самата подготовка на оваа програма како кохерентен стратешки документ претставува потврда за капацитетот на администрацијата од аспект на координација и ефикасност на работа. Имајќи предвид дека изработката на двете претходни изданија на Програмата беше оценета со добри оцени од страна на Европската комисија Министерството за финансии има намера да го задржи, но и подобри квалитетот на овогодинешниот документ, истакнал на состанокот министерот за финансии Кирил Миноски.
Според Јарослав Левичек, шеф на секторот за економски прашања и азил при Делегацијата на ЕУ во Македонија, програмата е алатка за дијалог со Европската Комисија. Таа, потенцирал, не е само барање на Европската Унија туку и план за напредок на економијата, за побрза интеграција кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
