Започна новогодишното украсување на Скопје
Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.
Епицентарот на декорирањето е поставување централна новогодишна елка, повисока од 18 метри со светлосни и други украсни елементи на плоштадот „Македонија“, како и негово украсување и декорирање со светлосни украси и ефекти. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:
- Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
- просторот пред Владата на Република Македонија,
- ул. „Даме Груев“,
- Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
- ул. „Димитрие Чуповски“,
- ул. „11 Октомври“,
- Булевар „ВМРО“,
- ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
- просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
- Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
- украсување на Паркот „Жена борец“,
- украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
- украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
- украсување на улица „Македонија“,
- Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
- Плоштад Пресвета Богородица,
- Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
- Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
- Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.
Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.
Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017 година.
Ново на Сител
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград