Започна Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2019″
Во Делчево започна 5-от Меѓународен планинарскиот марш ,,Голак 2019″. Маршутата на движење се одвива по првата национална патека, со стартна точка во Делчево и крајна цел до врвот Чавка.
На маршот, во организација на Планинарско-спортски клуб Голак, информираше денеска претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, учествуваат планинарски друштва од Македонија и Бугарија.
– Маршот почнува од Делчево ќе одиме до Голак преку населбата Расадник, Трајанов Рид, Горна и Долна Богданица, Горни Балван, спортски терени се до врв Чавка. Имаме учесници од повеќе градови од Прилеп, Битола, Скопје, Гевгелија, Берово, Македонска Каменица, Штип, Пехчево, додека од Р. Бугарија од Самоков, Пештера, Радомир и Софија. Маршрутата е долга 12 километри, се работи за средно тешка патека, временските прилики се на наша страна и сметам дека ќе биде се во ред, истакна Чучуковски.
Највозрасниот учесник на маршот е Гинка Георгиевска, секретар на планинарското друштво ,,Орлите” од Радомир, Р. Бугарија, додека најмладиот Давид Златковски, член на ПСК ,,Голак” кој има 10 години. И за двајцата, како што кажаа планинарството е нешто највозвишено.
– Сакаме да создадеме нови врски со македонските пријатели и понатаму да реализираме заедно и други активности. Јас планинарам преку 30 години и за мене тоа е најдобро нешто за кондицијата и пред се за здравјето, истакна Георгиевска.
– Три години се занимавам со планинарство и многу е убаво, се искачувам по ридови, не е многу тешко, вели малиот Давид.
По завршувањето на Меѓународниот планинарски марш од страна на организаторот ќе бидат доделени благодарници, а потоа ќе следува и заедничка дружба помеѓу планинарите.
Ново на Сител
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее