Македонија
21. April 2017 - 16:39

Започна изградбата на нов забавен парк во Скопје

Скопје ќе добие нов, модерен и атрактивен забавен парк, со нови реквизити и забавни содржини. Тој ќе биде сместен на истата локација каде сега се наоѓа Луна Паркот, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година. Главниот забавен дел ќе содржи 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Изградбата на новиот забавен парк, набавката на реквизитите и нивното монтирање ќе се одвива фазно, а целата инвестиција ќе чини околу 6,5 милиони евра.    

Градоначалникот ги негираше наводите во одредени медиуми дека новиот забавен парк ќе се протега надвор од просторот  во кој беше сместен Луна Паркот.

Старите реквизити кои беа во уптреба речиси 45 години се демонтираат и отстрануваат. Целата површина во забавниот парк ќе биде партерно и хортикултурно уредена, а ќе биде поставена и урбана опрема во склад со темите кои ќе ги прикажува забавниот парк.