Започна изградбата на фекална калаизација во село Мородвис,општина Зрновци
Општина Зрновци започна со реализацијата на неколку комунални прокети во населените места Мородвис и Видовиште, планирани со програмата за комунална изградба до крајот на оваа календарска година.
-Започнавме со изградбата на фекална канализација за нааселеното место Мородвис која се протега во должина од 4 километри и има за цел да го реши проблемот со одпадните и фекалните води од населбата. За оваа намена се обезбедени финансиски средства во износ од 8 милиони денари, средства од Министерството за транспорт и врски, истакна Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Информираше дека е започната изградбата на два моста на Видовишка река, за кои жителите на Видовиште имаа потреба да стигнат до своите ниви во Видовишко поле. За нивната изградба од Министерството за Транспорт и врски се обезбедени еден милион денари. Инаку со средства во износ од три милиони денари обезбедени исто така од Министерството за транспорт и врски се градат паркови и плоштади во населените места Мородвис и Видовиште во општина Зрновци.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари