Запленети златни монети, две лица приведени
На 13.11.2020 година по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци.
При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети . Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело Прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани , известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци,Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46)од Прилеп.Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани .Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.

Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
