Запленети околу четири ипол килограми хероин и околу килограм кокаин, приведен дилер
На 21.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата.
При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба. При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми.
Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува и во наредниот период со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.


Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
