Запленети девизи, детектор за благородни метали, часовници ....
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, детектор за благородни метали, рачни часовници и делови за товарно моторно возило.
Девизи
- 11.700 евра, откриени кај албански државјанин - сопатник во албански автомобил, управуван од друг албански државјанин, на граничниот премин Меџитлија – влез во државата. Во најлонско ќесе, сместено во рачна торбичка која со себе ја носел сопатникот во возилото се пронајдени 21.700 евра, а согласно Законот за девизно работење 10,000 евра му се вратени, износ што нерезидент може слободно може да ги внесе во државата. Против прекршителот е покрената и спроведена прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по царински прекршок и донесено е Решение за одземање на девизите, а прекршителот е казнет со 1.500 евра во денарска противвредност.
- 3.000 евра, откриени кај македонски државјанин - возач на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, кој заедно со уште двајца сопатници се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. При личен претрес на возачот, царинските службеници пронашле непријавени 5000 евра. Согласно Законот за девизно работење, 2000 ЕУР му се вратени, додека останатите 3000 евра се привремено задржани. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка.
Детектор за откривање на благородни метали
- 1 нов сет детектор за откривање на благородни метали марка Nokta Golden King deep processor radar plus во вредност од 250 илјади денари, пронајден во два црни куфери, сместени на задните седишта на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се проијавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Во текот на разговорот, осомничениот изјавил дека детекторот го нарачал преку интернет, а му пристигнал на адресата каде привремено престојува во Италија. Целта му била да го донесе во Македонија и да го користи за пронаоѓање на благородни метали. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење„.
Рачни часовници
- 298 парчиња рачни часовници се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на влезот на Тетово. Рачните часовници, за кои возачот не поседувал доказ за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во црни најлонски ќесиња, сместени во багажниот простор на возилото. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка.
Делови за товарно моторно возило
- 7 употребувани делови за влекач марка SCANIA (алансер, алтернатор и дизни), пронајдени во под куферите во багажниот простор на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, а пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка.
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник