Македонија
10. July 2018 - 22:21

Запленети 50 килограми марихуана

Струмичката полиција заплени 50 килограми марихуана.   Спакувана во три пластични вреќи марихуаната била пронајдена вчера во близина на патниот правец Струмица - Добрашинци.  Полицијата случајот го открила откако претходно добила  оперативни сознанија за недзоволена трговија по што во изминатите два дена биле преземени координирани мерки за расчистување на истиот.  Она што е познато е дека марихуната е доставена од Скопје, но во моментов  нема информации за каде била наменета. Во целиот случај се инфолвирани   три лица , 26 годишен жител на селото Селемли од општина Богданци, 33 годишен жител на Владевци од општина Василево и уште едно, засега непознато лице.

 ,,На локација од патниот правец Струмица- с. Добрашинци, затекнат е второпријавениот Д.Т. при што кај истиот од страна на полициски службеници биле пронајдени околу 50 килограми марихуана, која што претходно ја примил од првопријавениот К.К. По ова Д.Т. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. Истовремено, од превземените мерки и активности утврдено е  дека дрогата била доставена од Скопје, од засега непознато лице кое што управувало патничко моторно возило со чешки регистарски таблички, рече Хризантема Рендевска.

Засега само едно од трите лица е приведено. Од СВР Струмица информираа дека се преземаат дополнителни интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на првоосомничениот,  26 годишниот жител на селото Селемли. Полицијата работи и  на иднетификување на непознатото лице кое го управувало возилото кое пак веќе е  пронајдено во Кратово и предадено за крим техничка обработка.