Запленети 27.700 фалсификувани евра на Табановце
На граничниот премин Табановце е спречен обид за изнесување од државата на 27.700 фалсификувани евра.
Царинската управа денеска соопшти дека случајот е откриен вчера околу 7 часот наутро.
Парите се пронајдени во патничко возило со српски регистарски таблички. Биле сокриени во наслонот меѓу предните седишта, во врзано снопче со ластик замотани во бела хартија.
- Царинските службеници забележале дека има 39 банкноти во апоени од по 100 ЕУР со ист сериски број, понатаму увиделе и дека 39 банкноти во апоени од по 200 ЕУР имаат ист сериски број, како и дека 32 парчиња во апоени од по 500 ЕУР исто така имаат ист сериски број. При преглед со УВ лампа констатирано било дека девизите се со лош квалитет и се фалсификувани, информира Царинската управа.
Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека лицето само ги фалсификувало парите. Против него е поднесена кривична пријава за фалсификување пари и тој е лишен од слобода. Предаден е на судија за претходна постапка во Основниот суд во Куманово кој му одреди мерка претпазливост - привремено одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот два пати неделно.
Ново на Сител
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово