Македонија
12. March 2024 - 10:55

Запленети 2 тони мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung | ФОТО

Скопската полиција вчера вечерта извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung, дознава Сител од полициски извори.

Според неофицијални информации, запленети се дури 2 тони од овие модели на телефони. 

До овој момент од полицијата не може да се добие информација каде е направена заплената ниту пак кој ги донел овие телефони во Македонија. 

Нашиот извор тврди дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина. 

Упатени во бизнисот со мобилни телефони кои ги контактираше Сител велат дека  2 тони товар со мобилни телефони се околу 5.000 апарати заедно со се амбалажата.

Ако просечната продажна цена се заокружи на 1.000 евра станува збор за заплена од 5 милиони евра