Запленета дрога со налепници од цртани филмови, уапсени тројца Албанци во Италија
Тројца албански државјани на возраст од 26, 39 и 45 години се уапсени во италијанскиот град Римини, откако кај нив биле пронајдени 275 килограми дрога.
Двајцата од нив регуларно живееле во Италија додека едниот престојувал без дозвола. Полицијата трага по четвртото лице, кое управувало со возилото.
-Запленети се 160 килограми хашиш и 115 килограми марихуана. За да ги затскријат пакувањата со дрога биле испечатени фигури од детските цртани филмови. Идентификацијата на камионот се случила по прислушувањето на членовите на криминалната група, кои ден пред тоа правеле сомнителни движења со возилото, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се италијанската полиција.
Камионот со дрогата се движел во споредни улици а карабинерите ги изненадиле додека пакетите со дрога кои биле скриени меѓу детергенти ги истовариле од камионот.
Истрагата почнала во летото годинава откако биле уапсени двајца браќа Албанци со 1,5 килограми марихуана.
На уапсените им е изречена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски