Запланети 115 килограми режан тутун на Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат синоќа пред полноќ спречија обид за шверц на 115 килограми режан тутун.
Според Царинската управа, синоќа во 23:30 часот на излез од Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигнало празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј.
Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по 1 килограм режан тутун. Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка, соопшти Царинската управа.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава