Запалено албанското знаме, пронајдени молотови коктели и повреден полицаец на вчерашните протести
Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вечар бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија.
Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница.
При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.
Ново на Сител
-
Поднесена декларација во бугарското Собрание, се бара ЕУ да ги осуди навредите кон бугарските политичари
-
ДЗР: На неврологија лани најголем дел од прегледите биле за итни случаи или со врски
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието