Запалени градските депонии на Кочани и Виница
Облаци од густ и смрдлив чад се издигаат од градската депонија на Виница кај селото Лески, како и од депонијата на Кочани, во непосредна близина на патот кон Пониква. Чадот се шири по целиот планински предел, но достигна и во низинскиот дел, прекривајќи ги блиските населени места.
При посетата на двете локации се забележува дека двете депонии горат по целата површина, а на повеќе места се забележуваат и високи пламени јазици што излегуваат од отпадот. Претпладнето интервенираа екипи на комуналните претпријатија „Водовод“ и „Солидарност“ кои со градежна механизација истураа земја на местата каде што е најкритично, со намера да се оневозможи пристап на кислород и горење на пластиката и хартијата.
-Претпоставка е дека дошло до самозапалување поради присуството на органски отпад, иако многу поголема е веројатноста дека причина за запалувањето е човечкиот фактор. Ова не е прв пат депонијата да гори и од неа да се шири густ чад, а регистрирано е дека огнот избувна во неделата доцна навечер, поради што сметаме дека се работи за подметнат пожар од лица кои неовластено влегуваат на депонијата. Веднаш испративме екипа за да го спречи ширењето на огнот, а интервенираа и пожарникарите, истакна Игор Христов, директор на ЈКП „Солидарност“ од Виница.
Од кочанското комунално претпријатие „Водовод“, исто така потврдија дека нивни екипи интервенирале во локализирањето на пожарот, а има и постојан надзор на локацијата за да се спречи ширењето на огнот, со оглед што во близина има и неколку викенд куќи и лозја.
Двете депонии со својата местоположба и присуството на запаливи материи се потенцијална опасност за поголеми пожари во околината, особено во текот на летниот период, а уште повеќе за загадувањето на животната средина.
Ново на Сител
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот