-->
-->
Западен Брег: Израелската армија застрела палестински тинејџер по напад со нож
-->

Израелската армија застрела 16-годишно момче откако тој избоде со нож Израелец во Западен брег.
Според соопштението на армијата и медиумите, израелските војници пукале во тинејџерот. Тој бил погоден во глава. Нападнатиот Израелец бил избоден во рамото и е хоспитализиран.
Инцидентот се случи на неколку километри јужно од Наблус, каде изминатиот период имаше насилни тензии помеѓу палестинските милитанти и израелските доселеници.
Од почетокот на војната во Појасот Газа по нападите на Хамас на 7 октомври, ситуацијата во Западен Брег значително се влоши. Оттогаш повеќе од 400 Палестинци се убиени во Западниот Брег во израелски воени операции. Исто така е зголемено насилството врз еврејските доселеници врз Палестинците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
