Западен Балкан останува интересна рута за транзит на илегалните имигранти
Западниот Балкан се уште останува транзитна рута преку која поминуваат илегалните имигранти, кои потоа се упатуваат кон земјите од Западна Европа. Македонија е под постојан притисок од илегалната имиграција поради нејзината географска положба. Минатата година со мерките кои интензивно се преземаат на границата на Македонија кон Грција има ефекти и главниот миграциски бран е прекинат тука, при што се изнаоѓаат алтернативни рути.
Ова беше истакнато на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на Националната конвенција за ЕУ во Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Чекајќи на ФРОНТЕКС – Безбедноста на границите низ призмата на различни миграциски бранови“.
Според податоците на МВР, во Македонија во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија, покажуваат податоците на МВР. Во однос на земјата на потекло на мигрантите, и оваа година најбројни се државјаните на Пакистан – 6.937, потоа следат државјаните на Авганистан 4.037, Бангладеш 1.879, Индија 1.049 и други.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски рече дека за справување со илегалната имиграција во август 2015 година е донесена одлука за прогласување кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, која континуирано се продолжува.
– За успешно справување со овој предизвик ангажирани се не само граничната полиција, која е интегрален дел од Бирото за јавна безбедност, туку и другите организациски единици од Бирото за јавна безбедност. Сите заедно учествуваат во откривањето и спречувањето на илегално преминување на државната граница и видови на прекуграничен криминал кои се пропратен елемент на илегалната имигрција, како што е криумчањето мигранти и тровијата со луѓе и со оружје, рече Тасевски.
Трпе Стојановски, професор на Факултет за безбедност, истакна дека според извештајот на Анализата на ризици на ФРОНТЕКС, објавен на почетокот на 2019 година, лани се регистрирани над 190.000 спречени обиди на влез во земјите од ЕУ, што споредбено со претходната 2017 година е зголемување за четири проценти.
– Анализата покажува дека Источномедитеранскиот правец познат како Балканската рута во 2018 година бележи за неколку стотини лица помал број на илегални преминувања, односно 50.561 лице, и тоа претежно на зелената територија од Турција кон Грција, рече тој.
Стојановски истакна дека Западен Балкан и натаму останува интересна рута која продолжува да се користи како транзитно подрачје за мигрантите кои доаѓаат кон Европа, и оти во 2018 година со мерките кои интензивно се преземаат на границата меѓу Македонија кон Грција има ефекти и дека главниот мигрциски бран е прекинат тука и се обидуваат да најдат алтернативни патишта.
– Еден од тие алтернативни патишта води преку Грција, Албанија по копно и по море, потоа продолжува кон Босна и Херцеговина, така што миграциските брнови се движат кон Хрватска, и вториот, каде што Србија е идентификувана како собирно подрачје и од таму правците водат кон Унгарија, Хрватска и кон Романија, рече Стојаноски.
Тој посочи дека во 2018 година ФРОНТЕКС воспоставува стандарди за поквалитетно евидентирање и идентификување на мигрантите кои се обидуваат илегално да ја поминат границата и оти тој стандард се однесува и за земјите кои се апсиранти за влез во ФРОНТЕКС.
Според извештајот на Европската комисија, пак, се наведува дека земјава е под постојан притисок заради нејзината географска позиција за илегална миграција. Таму се наведени податоци дека бројот на официјални илегални преминувања изнесувал 16.895 во 2018 година, споредено со 2.831 во 2017.
Марина Митревска, професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозфоскиот факултет на УКИМ, рече дека земјава се соочува со нови предизвици еден од нив е и очекувањето на мигранти, на бегалци, што, според неа, значи дека капацитетите од аспект на безбедноста треба да бидат координирани, синхронизирани во своите активности со главна цел да ја чуваат безбедноста и границата на РМ.
– Во таа насока потребно е да се зајакнат капацитетите на граничните премини, за која цел би било добро се уште да биде активна кризната состојба. Знаеме дека кризна состојба може да прогласи владата во траење до 30 дена, а за над 30 дена тоа е под ингеренции на Парламентот. Во таа насока моја препорака да се продолжи и понатаму времетраењето на кризната состојба, со што се дава можност покрај полицијата, која ја има функцијата во чувањето на граничнте премини, да бидат зајакнати капацитетите и со учеството на Армијата, рече таа.
Митревска оцени дека друго важно прашање е и повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за отворање на Германија за еден милион висококвалификувани работници од држави надвор од ЕУ.
– Тоа го отвора прашањето дали тоа значи дека во наредните месеци може да се очекува зголемен бран на мигранти, не само од кризните региони, туку и од државите како што се Мароко и други.. Што значи дека Македонија преку своите владини инстиуции треба да преземе сериозен чекор кон организирање на поголем дел на безбедносните актери, во делот на заштитата на нашата граница и справување со нов бран на мигранти, доколку сето тоа се случи. Во овој дел Република Македонија може да преземе мерки што се однесуваат на превенција, додаде Митревска.
Ново на Сител
-
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити