Сумоборачи претешки за два авиона, организиран дополнителен лет

Јапонска авиокомпанија морала да обезбеди дополнителен, трет авион за група луѓе, откако две од леталата биле изложени на опасност да ја надминат дозволената тежина, но не поради вишокот багаж, туку- патниците кои биле сумоборачи.
– Крајно невообичаено е да се воведе уште еден, посебен лет поради ограничувањата на тежината во авионите, изјави претставник на компанијата.
Имено, борачите требало да летаат со два авиони „Боинг 737-800“. Меѓутоа, кога луѓето во авиокомпанијата осознале дека патниците се луѓе со просечна тежина од 120 килограми, решиле да не ризикуваат… Загриженоста водела кон одлуката да се префрлат некои од спортистите во друг авион.
Дополнително, аеродромот каде што требало да слетаат, немало писта за поголем авион, па затоа авиокомпанијата реши да воведе уште еден лет за 27 борачи.
Ова не е првпат сумоборачи да се појават во медиумите поради ваква случка. Сѐ ова ги потсети интернет-шегаџиите и сеирџиите за сликата со борачи „набиени“ во мал патнички авион од пред неколку години, кои подоцна се фотографираа во автобус на пат кон својот камп.
Ново на Сител
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
-

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на Документарец и повик за активно граѓанско учество
-

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
-

Кривична за Оливер Спасовски, спречил одземање лиценца на технички преглед во Сарај
-

Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази, под притисок на јавноста и политички игри
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
